Closed Loop Recycling

Процес на затворено рециклирање

Како најголема компанија за рециклирање хартија и картон во Европа и една од водечките компании за целосно управување со рециклирање и отпад, можете да ни верувате дека ќе најдеме начин да ги претвориме 100% од ресурсите што ни ги праќате во нешто корисно уште еднаш.

Што е затворен процес на рециклирање?

Затворено рециклирање е процес во кој отпадот – или ресурси како што ги нарекуваме – се собира, рециклира и се користи повторно за да се направи истиот производ од којшто дошол.

Во денешно време има на располагање многу различни опции за рециклирање и враќање за да имаме доволно ресурси колку што е можно подолго. Отвореното рециклирање е еден таков метод каде што производите и материјалите се претвораат во нови производи со послаб квалитет и намалена функционалност.

Таквите решенија за отворено рециклирање може да бидат најдобра опција за многу компании кога станува збор за пренасочување на отпадот од депонии или палење. Но, за да се постигне долготрајност на нашите ресурси, треба да разгледаме подетално некои решенија за затворено рециклирање.

DS Smith е повеќе отколку само бизнис за рециклирање

Тоа е иманентно за нашите операции во DS Smith. Ние сме повеќе од само компанија за управување со рециклирањето и отпадот, ние сме, исто така, дел од групацијата DS Smith која е водечки производител на амбалажа од брановиден картон во Европа и која прави милиони производи од материјалите што ги собираме.

Картонот што го собираме е рециклиран и го претвораме во нови картонски кутии во нашето одделение за амбалажа со што создаваме вистинско затворено решение за нашите клиенти.  

Нашиот едноставен бизнис модел нè разликува од други собирачи на отпад со рециклирање затоа што не работиме на депониите – ние сме единствено посветени на рециклирање.

Како производител на амбалажа, нормално е да гледаме на отпадот како суровина, и како таква, нашата цел е иста како и вашата – да го однесеме отпадот настрана од депонијата и да го внесеме во поодржливи процеси.

Сето ова им помага на нашите клиенти да постигнат повеќе при рециклирањето со минимални последици врз животната средина, а во исто време да се добие максимален резултат во ефикасноста и трошоците. Заради тоа што имаме блиска соработка со нашите клиенти, можеме да развиеме и да отпочнеме други решенија за затворено управување за 100% од отпадот со кој работиме.

Стапете во контакт со нас уште денес за да дознаете како можеме да ги имплементираме процесите на затворено рециклирање во вашиот бизнис.