Quality of Raw Materials

Квалитет на суровините

Квалитетот на материјалите што ги собираме и рециклираме е во средиштето на сè што работиме во DS Smith.

Повеќе од само компанија за управување со рециклирањето и отпадот, ние сме, исто така, дел од групацијата DS Smith која е водечки производител на амбалажа од брановиден картон во Европа. Тоа нè прави различни од другите компании во нашиот сектор затоа што ако материјалите што ги собираме за нашите операции со хартија и амбалажа се контаминирани, тоа значи дека може да се фрли целата серија.

Затоа, од најголемо значење за нас е промовирањето и максимизирањето на рециклирањето за да се постигнат стандарди за највисок квалитет.

Собирањето материјали преку систем за сепарација уште на изворот е неопходно за овозможување висококвалитетно рециклирање. Тоа резултира со помала контаминација и со тоа се добива повисока вредност за поквалитетен материјал.

Хиерархија на отпадот

  

Ние во DS Smith ги почитуваме принципите на Хиерархија на отпадот почнувајќи од врвот на пирамидата, а не од процесите кои се наоѓаат нешто погоре во односн на носењето отпад во депонија. Со тоа им помагаме и на нашите клиенти, пред сè, да применат методи за намалување на нивниот отпад.

Прваци во висококвалитетно рециклирање

Гледано однадвор, DS Smith активно ја промовира важноста на разделување на отпадот при неговото создавање во рамките на нашата индустрија.

  • Нашиот менаџер за надворешни работи, Питер Клејсон (Peter Clayson), е претседавач на трговското тело „Здружение за ресурси‟ кое се фокусира на подобрување на вредноста на рециклирањето во Обединетото Кралство.
  • Нашиот раководител за рециклирање Џим Мелоун (Jim Malone) беше претседавач на комитетот за рециклирање и производи на CEPI (Конфедерација на европските индустрии за хартија) во 2014 година и е активен член на новиот комитет на CEPI за суровини.

Водење на кампањата за поквалитетно рециклирање

Исто така, ние се гордееме што делуваме проактивно при развојот на проникливи и едукативни бели книги и блогови кои се фокусираат на клучните случувања во нашата индустрија. Особено чувствуваме дека е важно да коментираме и да правиме кампањи за прашања кои водат до рециклирање со помала контаминација и подобар квалитет.

За крај, ние во DS Smith знаеме што е потребно за да се постигне највисок можен квалитет на рециклирање кое се бара во модерниот свет во кој што живееме и ќе продолжиме да работиме кон елиминирање на контаминацијата во нашата индустрија каде што е можно, а за повеќе информации посетете ги нашите бели книги.