impact-centre-retail-environment-shelves.jpg

Нов Импакт Центар во Бенелукс: придобивки во целост, од пакување до отпакување

Сите знаеме дека пакувањето не е само кутија, туку клучна компонента којашто може да има големо влијание врз секој чекор од синџирот на снабдување. Но дали некој некогаш го проследил целосното патување на пакувањето, од производство до крајниот потрошувач?

Ова сега е возможно во новиот Импакт центар во Бенелукс, Гент. Овој нов Импакт центар е 6ти во Европа и е докажан концепт на DS Smith. Стациониран локално и изграден врз основа на примери и пракси од локалниот пазар во Бенелукс, тој е повеќе од копија на постоечките центри.

Во Гент, DS Smith им го демонстрира на неговите клиенти од Бенелукс ефектот што пакувањето може да го има во целиот синџир на снабдување и можностите за стекнување ефикасност. Како што објасни Олива ван Хојвернмаерн, менаџерот на Импакт центарот, „Ова не е теоретска или виртуелна околина, туку место каде што прикажуваме вистинска изведба. Посетителите може да ги видат примероците со сопствените очи, да ги допрат и да ги искусат придобивките што може да ги донесе пакувањето.“

Започнувајќи во областа на малопродажбата, десетици проблеми се решаваат со продуктивноста на малопродажникот, за профитот од продажбата и изложеноста на брендот, а посетителите може да видат како дури и најмалите практични детали можат да донесат значителни резултати. Но синџирот на снабдување е повеќе од точката на продажба и акцентот е на улогата на пакувањето во сите негови фази. Исто така, во задниот дел на продавницата и на магацинот, се решаваат многу конкретни прашања и се даваат многу специфични одговори.  Од рециклирање и одржливост до оптимизација на логистиката и стабилноста на палетите до процесот на пакување.

Импакт центарот ја прикажува вистината за набавката, но пред сѐ, за маркетингот, продажбата, инженерите за пакување, производството и експертот за синџирот на набавка. Новиот увид често создава нов дијалог за пакувањето и посетителите може да откријат нови можности за да го подобрат својот бизнис.

Ова повторно докажува дека DS Smith не е само снабдувач на кутии од брановиден картон, туку вистински стратег за пакување со вистински решенија што резултираат со поголема продажба, намалени трошоци или подобрено управување со ризик.

Дали сте примамени да го посетите Импакт центарот и да откриете како можеме да му помогнеме на вашиот бизнис да напредува?