DS Smith инвестира во најновата технологија за автоматско снабдување со хартија

Одделението за амбалажа на DS Smith во Велика Британија направи огромна инвестиција во својот бизнис за автоматско снабдување со хартија.

Врвната машина за производство на брановиден картон го крева квалитетот на многу високо ниво

Развојот од 12 милиони фунти ќе биде официјално отворен на 24 јуни во претставништвото на компанијата во Бланхам и тековната машинерија ќе биде заменета со нова врвна машина за производство на брановиден картон, ќе бидат инсталирани ултрамодерни ленти за ракување со материјали и просториите ќе бидат целосно реновирани.

Клиентите на погонот за хартија на DS Smith ќе имаат придобивки од постабилниот квалитет, краткото времетраење на производниот циклус и од широкиот асортиман на картони.

Адриан Свинделс, управен директор за снабдување со хартија во DS Smith, истакнува дека компанијата е посветена на рано усвојување на најмодерната опрема за да ги исполни секогаш растечките потреби за квалитет и услуги на клиентите.

„Не само што сакаме да инвестираме во најновата технологија и работни практики, туку сакаме и да обезбедиме дека понудата на DS Smith е визионерска во чекор со растечките потреби на нашите клиенти“, рече тој.

„Како рани присвојувачи, ние поттикнуваме промена, ги обезбедуваме најдобрите пракси и нудиме целосно решение како никој друг во нашето поле. Клиентите го очекуваат тоа од компанија со нашата распространетост и ниво.“

Одделението за пакување на DS Smith е на чело на пазарот за снабдување со хартија повеќе 35 години и инсталацијата на оваа машина за производство на брановиден картон од 2,8 м има за цел да ја предводи индустријата.

Герет Џенкинс, управен директор на одделението за пакување на DS Smith, додаде: „Со оваа инвестиција во најновата машина за производство на брановиден картон и опремата за ракување со материјали, ние направивме уште еден чекор во нашата инвестициска програма од 100 милиони фунти во Велика Британија. Покрај очигледните придобивки од квалитетот, автоматизираните системи за складирање и планирање нѐ прават поагилни и им нудат на клиентите поголема безбедност во снабдувањето. Како бизнис, DS Smith се стреми кон оперативна извонредност и дел од ова беше да се стане најдобар снабдувач со хартија во Европа.“