top lights.png

Како може да спакувате сончева светлина во една кутија?

Чудните барања не се ништо ново во DS Smith, а нашите дизајнери се стаписаа кога беше побарано од нив да спакуваат „сончева светлина“, или попрецизно, светлосни цевки за чешкиот производител Lightway.

Очекувањата на Lightway беа исти како тие на нивните потрошувачи – беспрекорна испорака без некакви оштетувања, од нивната фабрика во Чешка до најголемите компании низ светот.

Lightway е мала семејна компанија која што неодамна се прошири на светскиот пазар и чиишто светлосни цевки ги прават нашите домови, пазарењата и работната средина попригодни.

Предизвикот:

Да се развие целосно рециклирачка амбалажа, којашто штеди простор и во којашто ќе се чуваат инженерски софистицираните производи на безбеден начин, при што би се избегнало оштетување, а особено абразија.

Нашиот пристап:

Употребивме серија на PackRight Centre работилници за брзо да ги развиеме прототипите за тестирање и усовршување, сè додека не добивме нешто коешто ги исполнуваше високите очекувања на Lightway.

Резултатот:

  • Помали трошоци за транспорт со оглед на лесната амбалажа, којашто лесно се реди една врз друга и лесно се пренесува.
  • Максимална искористеност на просторот во кутијата
  • Одлични еколошки карактеристики со оглед дека амбалажата може целосно да се рециклира
  • Повеќе продажби поради тоа што сега испораката на светлосните цевки низ светот е побезбедна
  • Извонредна заштита и позадоволни потрошувачи по пониски трошоци