SalesFront-easy-to-see-easy-to-buy.jpg

SalesFront: приближување на производите поблиску до купувачот

По три години тестирање и развој, DS Smith започна со нов иновативен систем за амбалажа кој постојано ги турка производите кон предниот дел на рафтот и со тоа се избегнува потребата за апарат на самиот рафт.

Пакетот SalesFront опфаќа специјално изработена лента во брановидна амбалажа подготвена за продажба (RRP), којашто рамномерно ја поместува содржината нанапред како што се продаваат производите.

Истражувањето од IGD откри дека 37% од клиентите би купиле алтерантивен бренд ако не го видат саканиот производ на рафтот, додека истражувањата во малопродажба покажаа дека продажбата на поизвод што е постојано претставен на рафтовите може да ја зголеми продажбата за 20 проценти со просечно зголемување од шест на осум проценти.

SalesFront ќе им помогне на производителите и трговците на мало да се изборат против проблемот со слаба достапност на производи на рафтовите без потреба од дополнителна опрема на рафтовите или вработени да трошат време за рачно местење на производите нанапред.

SalesFront е систем за амбалажа, а не само дизајн на кутија, а DS Smith разви широк опсег на орема како помош при склопувањето и исполнувањето. Кога ќе се изгради кутијата, се истегнува лентата и производот се товари на специјално приспособни линии за пакување од клиентот.

Придобивки за производот

  • Се подобрува доживувањето на купувачот
  • Им се овозможува на сопственците на брендот да ги ставаат своите најдобри производи најнапред со што се добива зголемена продажба и видливост на производите 
  • Нема потреба од опрема на рафтовите, има заштеда на работна сила која моментално рачно ги реди производите нанапред 
  • Лесно се менува за различни производи и големини на кутии
  • Храната е безбедна 
  • Целосно се рециклира