DS Smith ја револуционизира индустријата за амбалажа така што ја гарантира успешноста со PACE

DS Smith разви револуционерен напредок во индустријата за амбалажа која ќе дава исклучителни и доследни перформанси поврзани со амбалажата врз основа на вашите потреби. Оваа иновација, базирана врз ригорозниот технолошки напредок и тестирањата, е позната како програма PACE.

PACE значи Performance (Перформанси), Assurance (Обезбедување), Consistency (Доследност) и Environment (Животна средина).

Што значи ова за вас?

  • Јасни спецификации за перформансите
  • Јасни критериуми за приспособливост
  • Доверлива и доследна амбалажа
  • Без непотребни трошоци или ризици
  • Без материјал повеќе отколку што е потребно

Значителната инвестиција во технологијата за амбалажа, од хартија од влакна до дизајнирање и производство на кутии, го овозможи овој смел чекор напред, а исходот е DPPM (дефектни делови по милион) водечки во индустријата.

Плаќањето за перформанси, наместо параметри на хартија, има логика. Мислете на тоа како на купување автомобил. Не одредувате од кој материјал ќе биде изработена шасијата или со колкава дебелина ќе биде. Ги одредувате саканите перформанси: Дали сакате да извозите најбрз круг во Нирбургринг или безбедно да превезете три распеани деца заедно со семејното куче?

Нашите Стратези за амбалажа ќе работат со вас за да разберат какви перформанси ви требаат, а потоа ќе ја дизајнираат најдобрата кутија со најефикасна употреба на материјали за да се уверат дека вашиот производ секогаш ќе располага со тоа ниво на перформанси.