packaging for do-it-yourslef products and furniture

Направи сам и мебел

Поголемиот дел од потрошувачите во денешно време купуваат опрема и, до одреден степен, мебел во големи продавници со производи за самостојна изработка со што примамливите и иновативни амбалажи и штандови стануваат сè поважни.

Амбалажата што се користи во овој сегмент треба да ги задоволи високите стандарди за перформанси затоа што многу производи се тешки и не секогаш едноставни за пакување. Во многу случаи се комбинираат различни материјали за пакување за да се дојде до насоодветното решение за амбалажата. Јасните показатели и деталните описи за начинот на користење на производот се од витално значење.

Ние обезбедуваме производи за амбалажа подготвена за малопродажба и за продажно место, траспортна и индустриска амбалажа, како и картонски палети, за да ги задоволиме индивидуалните потреби на овие пазари.